Учество на Меѓународна конференција во Тирана, Р Албанија

Во периодот од 21 до 22 октомври 2025 година, во Тирана, Р Албанија се одржа Меѓународната конференција “60 years of study & conservation ARCHAEOLOGY – ARCHITECTURE – ART”, организирана по поводот 60-годишнината од основањето на Националниот институт за културно наследство во Тирана. На конференцијата учествуваа еминентни домашни и меѓународни истражувачи од областа на архитектурата, археологија, историјата, историјата на уметноста, реставрацијата, музеологијата и архивистиката.

На меѓународната конференција зедоа учество д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста, советник конзерватор – стручен работник за уметничко наследство од византискиот и поствизантискиот период (IX–XVIII век) во Одделението за уметничко наследство, Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство и м-р Невенка Величковска, сликар, советник конзерватор – стручен работник за конзервација на икони во Ателјето за икони, Сектор за конзервација и реставрација во Националниот конзерваторски центар – Скопје. 

Спахиу Јанчевска и Величковска се претставија со трудот: Safeguarding Sacred Art: Conservation and Restoration of the Processional Crosses from Bigorski Monastery. Нивната презентација се однесуваше на конзервацијата и реставрацијата на четири процесиски крстови од Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител. На два од овие крстови е извршена непосредна заштита од страна на стручниот тим на НКЦ – Скопје во текот на 2023 година, по што тие се вратени во Бигорскиот манастир, додека конзерваторско-реставраторските работи на преостанатите два крста се во тек.

Во рамките на конференцијата, д-р Јехона Спахиу Јанчевска имаше улога и на модератор на сесијата што се однесуваше на реставрацијата, со наслов: Preserving Sacred Heritage: Interpretation, Material Studies and Conservation of Byzantine and Post-Byzantine Art. Воедно, Спахиу Јанчевска е член на Научниот советодавен одбор на Меѓународната конференција во Тирана.

На конференцијата присуствуваше и директорот на Националниот конзерваторски центар – Скопје, м-р Александар Јорданоски. Присуството на директорот овозможи непосредна комуникација со директорката, архитект Јоли Митројорѓи стручните лица од Националниот институт за културно наследство во Тирана, што претставува значаен чекор во воспоставувањето и унапредувањето на идни соработки меѓу двете земји и сродни установи во областа на заштитата на културното наследство.

Подготвила: д-р Јехона Спахиу Јанчевска

Фотографии: Александар Јорданоски, Јехона Спахиу Јанчевска

Видео: д-р Ивона Панџак-Пинева

Tirana_002

Image 1 of 10

You may also like...