Учество на Четвртиот меѓународен научен симпозиум „Архиепископот Прохор и Слепченскиот книжевен центар“

Од 7 до 10 јули 2025 година, во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче се одржа Четвртиот меѓународен научен симпозиум „Архиепископот Прохор и Слепченскиот книжевен центар (500 години од хиротонијата на архиепископот Прохор 1525–1550)“, во организација на Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче и Општина Демир Хисар. Во рамките на меѓународниот научен симпозиум се одржа и 8. Слепченско-демирхисарска летна школа 2025.

Меѓународниот научен симпозум и летната школа беа свечено отворени на 7 јули за време на манастирската слава Раѓање на св. Јован Претеча, со поздравни обраќања од страна на Академик Вера Битракова Грозданова, д-р Сашо Цветковски (научен раководител на Школата) и други претставници.

Во рамките на научната програма, на 9 јули 2025 година, учество зеде и д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста, советник конзерватор – стручен работник за уметничко наследство од византискиот и поствизантискиот период (IX–XVIII век) во Одделението за уметничко наследство, Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство во Националниот конзерваторски центар – Скопје. Таа се претстави со реферат на тема: „Творечката мисија на зографот Јован од Грамоста под покровителство на охридскиот архиепископ Прохор“.

Темата што ја презентираше д-р Јехона Спахиу Јанчевска се однесува на периодот кој е во фокусот на нејзиниот долгодишен научно-истражувачки интерес. Истражувањата се насочени кон творечкиот опус на еден од најзначајните зографи од XVI век, зографот Јован од Грамоста, со особен осврт на неговото монументално сликарско остварување во црквата „Св. Никола“ во Топличкиот манастир, кое е предмет на повеќе нејзини научни трудови, како и на монографска обработка.

Во знак на признание за значајниот придонес кон научната програма, на д-р Јехона Спахиу Јанчевска ѝ беше доделена благодарница од организаторите на симпозиумот.  

4

Image 3 of 5

You may also like...