Проект Златкова кула Кратово

Благодарение на Грантот на ЕУ  за одржување на рехабилитацијата на културното наследство во Западен Балкан (EU Grant for Sustaining the Rehabilitation of Cultural Heritage in the Western Balkans) координиран од Работната група за култура и општество на РСС,  како дел од проектот Љубљански процес II: Рехабилитација на нашето заедничко наследство, Националниот конзерваторски центар – Скопје изврши консолидација (инјектирање) на фасадните ѕидови на Златковата кула во Кратово, (Activity 1) ) со цел да се спречи понатамошното оштетување на ова значајно културно добро.

Во таа насока на 23 април во Тирана – Р. Албанија се одржа работилница од реализацијата на Активноста 1 на која беа презентирани извршените ургентни интeрвенции на Златковата кула во Кратово.

Повеќе