ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ФИНАНСОВ КОНСУЛТАНТ

Објава за ангажирање финансиски советник за потребите на Директниот грант за проектот „Конзервација и ревитализација на културно-туристичкиот комплекс Св. Ѓорѓи – Старо Нагоричане“, финансиран преку програмата ИПА 2009 Рокот за доставување на пријавите е пет (5) дена по објавувањето.

Националниот конзерваторски центар – Скопје за потребите на Директниот грант за проектот „Конзервација и ревитализација на културно-туристичкиот комплекс Св. Ѓорѓи – Старо Нагоричане“, финансиран преку ИПА програмата, со времетраење од 24 месеци, има потреба за ангажирање на Финансов консултант за водење на финансиите на проектот согласно предвидениот буџет, изготвување финансиски извештаи за потребите на проектот, водење финансиско-сметководствена евиденција на трошоците по видови, контрола и грижа за наменското трошење на средствата предвидени со проектот, во рамки на предвидените трошковни ставки, изготвување на разни финансиски пресметки, финансиски и даночен консалтинг и останати работи во врска со финансиското работење и финансиското известување, согласно важечките законски прописи и Праг правилата. Финансискиот консултант ќе биде одбран согласно пропишаните критериуми. Генерални критериуми: Да поседува универзитетска диплома, Општествени науки, предност имаат оние со завршен Економски факултет. Течно да зборува и пишува англиски и македонски јазик. Способност да работи на MS office програмите. Минимум 3 години професионално работно искуство. Специфични критериуми: Работно искуство со ЕУ проекти, искуство најмалку со еден ИПА проект, познавање на ЕУ ПРАГ правилата. Потребните документи за пријавување, кандидатите е потребно да ги достават до архивата на Националниот конзерваторски центар – Скопје со адреса: „Јосиф Михајловиќ” бр. 7, 1000 Скопје во рок од 5 дена сметано од денот на објава на Повикот. Кандидатите е потребно да ги достават следните документи: – Биографија – CVs на ЕУ образец достапен на следниов линк:

http://europass.cedefop.europa.eu/en/documents/curriculum-vitae/templates-instructions”