Канческа-Милевска најави конзервација на фрескоживописот на „Св.Ѓорѓија“ во Струга

Наскоро ќе биде конзервиран фрескоживописот на црквата „Св.Ѓорѓија“ во Струга, најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која денеска оствари средба со директорите на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, на Струшките вечери на поезијата и на Музејот во градот.