За Културно наследство бр.38

Ве известуваме дека Националниот конзерваторски центар – Скопје го подготвува новиот број на зборникот Културно наследство (38) за 2012 година. Имаме чест да Ве поканиме да учествувате со свој текст за Вашите најнови истражувања.

Правила и упатство за приложување на трудовите:

Трудовите за печатење треба да бидат приложени во еден отпечатен примерок и во електронска форма (CD, DVD, e-mail) во Word doc., со фонт Times New Roman (со македонска поддршка за текстовите на македонски јазик или соодветната поддршка за друг јазик). Текстот треба да биде напишан во фонт со големина 12 точки, со проред 1/5, а забелешките (референците) се испишуваат со фонт со големина 10 точки, со проред 1. Ве молиме специфичните фонтови што ги употребувате да ги приложите во редакцијата заедно со останатиот материјал. Доколку ја прифатите нашата покана, Ве молиме да нè известите до 01.03.2012 година, додека трудовите треба да бидат доставени најдоцна до 30.09.2012 година.

Трудот треба да содржи:

1). Наслов 2). Име и презиме на авторот 3). Клучни зборови 4). Апстракт (до 100 зборови) 5). Текстот, вклучувајќи ги забелешките и прилозите, треба да биде со обем до 2 АТ (1 АТ = 16 страници) 6). Резимето е обврска на редакцијата на еден од странските јазици (англиски, француски, германски), односно на македонски јазик 7). Илустративен материјал до 15 прилози (фотографии, карти, табели, графикони, скици, цртежи – 13 x 18 цм со резолуција од 300 до 600 dpi во JPG или TIFF формат)

Општи информации:

 

Начин на цитирање:

1). Посебни книги, монографии: автор, наслов (курзив/италик), место и година на издавање, користени страници. Пример: Николиќ-Новаковиќ Ј., Живописот во црквата Св. Атанасиј Александриски во Журче, Скопје 2003, 77. 2). Трудови во научно списание/зборник: автор, наслов на трудот (курзив/ италик), назив на списанието/зборникот (полн или со позната кратенка), број на изданието, место и година на издавањето, користени страници. Пример: Машниќ М. М., Прилози за три малку познати споменици во Кичевско – Бродскиот крај од поствизантискиот период, Културно наследство 16/1989, Скопје 1993, 98. 3). Колективни и периодични публикации (зборници): автор, наслов (курзив/италик), наслов на публикацијата, место и година на изданието, користени страници. Помеѓу насловот на трудот и авторите на зборникот (кои, ако се повеќемина, се посочуваат како Група автори = Гр. автори) или насловот на зборникот се пишува во: (in:) Пример: Тричковска Ј., Тематика на живописот на машката трпезарија во манастирот Св. Јован Бигорски, во: Гр. автори, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 143. – При повеќекратното наведување на исто дело од ист автор во текстот, се повторува името и презимето на авторот, соодветните кратенки: нав. дело/op.cit. (н.д.,/о.с.) и страните. – При наведување на авторот и на делото едноподруго: Исто/Ibidem (Ibid.) – При наведување на исто место во делото: нав. место, loc.cit – Во кириличен текст се употребува кратенката сп. (од спореди) или в. (од види), а во латиничен cf. (спореди/confer=compare). – Кратенката за забелешка е заб. oдносно n. (= note) – Не се употребуваат кратенките стр. oдносно р. i pp. За дополнителни информации обратете се на: contact@heritage.gov.mk

Со почит, Главен и одговорен уредник Мемет Селмани